{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

News, Calls, Trends and Events

to inspire your creativity

Design Currents & Creative Calls

This is your gateway to the latest updates in the creative industries. Here we share fresh news, open calls for creators, emerging trends in sustainable design, and upcoming events that connect innovators across sectors. It’s a dynamic space where opportunities meet inspiration, helping you stay informed and engaged with the evolving world of creativity and collaboration.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Идеа Лаб при Машинскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Медодиј“ - Скопје, во соработка со Култур Код, со големо задоволство ја најавуваат реализацијата на нашиот нов проект „Кодови, корени и иднина - Културен континуитет во применетиот дизајн“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.


Главен фокус и цел на овој проект е зачувување на богатото културно наследство и негова промоција во современ контекст преку дизајн на производи со современ и одржлив дизајн.


Преку преплетување на традицијата и современиот израз, создаваме вредности со културен континуитет.

Очекувајте повеќе детали наскоро, како и можности за ваша активна инволвираност и соработка!

Ве покануваме на бесплатна работилница за сите што сакаат да ја спојат македонската традиција со современиот дизајн.

Ќе учите традиционални техники и мотиви, 3Д моделирање, изработка со нови технологии и одржливо производство. Ментори ќе ви помагаат цело време.

🗓 13 октомври – 3 ноември

✅ Бесплатно, без предзнаење

🏆 Најдобриот дизајн добива поддршка за прототип и пласман на пазарот

Местата се ограничени. Пријавете се до 10 октомври.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=
{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

LOEWE FOUNDATION Craft Prize 2027

Отворен е конкурсот за 10-тото издание на Наградата на Фондацијата LOEWE за занаетчиство .

Победникот ќе добие 50.000 €. А ќе има и две награди од по 5.000 € во посебни категории.

Повикот е отворен за професионални занаетчии и колективи од целиот свет кои имаат над 18 години.

Пријавените предмети мора да спаѓаат во некоја занаетчиска дејност вклучувајќи керамика, текстил, кожа, метал и книговез.

Делата мора да бидат оригинални, барем делумно рачно изработени и создадени во последните пет години, а авторот не треба да има веќе добиено претходна награда за истото дело.

Експертски панел ќе ги разгледа сите пријави и ќе избере 30 финалисти. Потоа, жири составено од практичари од областа на архитектурата, дизајнот и курирањето ќе го одреди крајниот добитник.

Рокот за аплицирање е 15 октомври 2026 година.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

„Make-a-thek“

програма за мобилност и размена на знаење

Отворен е повик за програма за мобилност и размена на знаење make-a-thek.

Можат да се пријават занаетчии, библиотекари, истражувачи, едукатори и културни работници за да ја споделат својата експертиза и да се поврзат со заедниците низ Европа.

Повикот нуди два начина на учество:

Патека А (Шема за мобилност) - Практичарите патуваат до одредена пилот-локација за да ги споделат своите специфични вештини и директно да работат со локалните заедници, со стипендија од 1.000 € за покривање на трошоците.

Патека Б (Програма за размена на знаење) - Учесниците се фокусираат на учење нови техники, проширување на својата професионална мрежа и организирање локална активност за споделување знаење во својот регион, со стипендија од 850 € за трошоци.

Рокот за аплицирање е 1 декември 2026 година.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Модната е-трговија погледната одвнатре

- да се фокусираме на тоа што е важно


За брендовите и трговците, вистинскиот ризик не е заостанувањето зад новитетите во е-трговијата. Ризикот е да се гледа на напредокот само како на зголемена активност потпомогната од новите технолошки алатки. Поголем дел од инвестициите и вниманието се фокуситаат на вештачката интелигенција, во постојано реобмислување на маркетиншкиот пристап без да се обрне внимание на основните аспекти кои го поттикнуваат набљудувачот да стане купувач.

BoF Insights, ,во соработка со Amazon Fashion & Sports издаде анализа - „Inside Fashion & Sports E-Commerce" која ги насочува брендовите и трговците на мало каде треба да ги фокусираат своето време и инвестиции. Анкетата спроведена на над 10.000 потрошувачи и 150 водечки брендови низ Европа ги идентификува клучните фактори на успех во е-трговијата во моментов.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

CRAFT-IT4SD Exhibition

Oulu, Finland

27–29 October 2026

Ако случајно одите во Финска имате можност да посетите еден фантастичен настан.

CRAFT-IT4SD Exhibition - од самиските занаети и визиите за оддржлива иднина, до бизнис-модели за одржливост - програмата истражува како креативните екосистеми можат да се развиваат, а притоа да останат поврзани со културното наследство, заедниците, технологијата и одржливиот развој.

Три дена. Една изложба. Многубројни перспективи за иднината на занаетчиството.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

"TALENTEmünchen –

Masters of the Future."

Аплицирајте на TALENTEmünchen – Masters of the Future и станете дел од најпрестижните платформи за нови, перспективни таленти во областите на применети уметности, дизајн и занаети.

Избраните дела ќе бидат претставени пред меѓународна публика во рамките на изложбата Handwerk & Design 2027 Minhen.

Последниот рок за аплицирање е 31 октомври 2026 година.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Повик за аплицирање: "Swarovski Foundation Creatives for Our Future 2026"

Swarovski Foundation Creatives for Our Future е глобална програма за менторство и грант-поддршка реализирана во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за партнерства. Програмата е наменета за млади креативци на возраст од 21 до 30 години кои работат во области како накит, мода, уметност, дизајн, архитектура, фотографија, видеографија и инженерство, а чии проекти придонесуваат кон одржлив развој и решавање на социјални и еколошки предизвици. Учесниците ќе добијат финансиска поддршка, персонализирано менторство, едукативни мастер-часоци и можности за професионално вмрежување.

Рокот за аплицирање е 9 октомври 2026 година.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Град Скопје објави три повика во рамки на манифестацијата

„Скопје – Европска престолнина на културата 2028“


Три повика се отворени во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ со цел да се обезбеди професионална поддршка во развојот и реализацијата на културната програма. Роковите и условите се насочени кон вклучување на домашни и меѓународни професионалци кои ќе придонесат за европската визија на Скопје.

Првиот повик е за евалуатори кои ќе оценуваат проектни предлози во рамки на програмата. Вториот е за мали, средни и големи проекти кои ќе бидат спроведени во рамки на програмата. Третиот повик е за експерти/советници со цел да се обезбеди консултативна рамка за успешна имплементација на програмата. Овие три повика ја отсликуваат амбицијата Скопје да се позиционира како град на културата и иновацијата, со силна европска перспектива и соработка.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Повик за абстракти за симпозиум „Тhe Colour of Everyday"


Симпозиумот „The Colour of Everyday“, организиран од Bernat Klein Foundation во соработка со Future Island-Island, го отвора повикот за апстракт. Настанот ја оживува оставнината на Бернат Клајн - еден од највлијателните текстилни дизајнери и колористи на дваесеттиот век и ја става во дијалог со современите прашања во дизајнот: одржливост, материјална култура, наследство и иновации засновани на локален контекст. Симпозиумот ќе ги обедини дизајнери, истражувачи, занаетчии, едукатори и островски заедници околу четири теми: боја во образованието, боја на иднината, боја на историјата и наследството, и креативна боја и одржливо творештво.

Овој повик е можност за сите кои работат на пресекот меѓу боја, занает, одржливост и културно наследство, или се љубопитни како дизајнот ја поврзува природата, меморијата и иновацијата.

Рокот за аплицирање е 4 септември 2026 година.


{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Град Скопје ќе субвенционира занаетчии


Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување.

Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров,

Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребн документација.

Износот на поединечна субвенција изнесува 20,000.00 МКД.

Принципот на доделување не „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата во вкупен износ од 400.000,00 МКД, што подразбира 20 поддржани занаетчии.

Рокот за аплицирање е 30 ноември 2026 година.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворена е регистрацијата за

„Skill Share Workshops 2026“

Уметниците ретко се „само“ уметници – тие се исто така претприемачи,

проектни менаџери, соработници и комуникатори. По втор пат, Аrtlink организира серија работилници за споделување вештини за да обезбеди простор каде уметниците учат едни од други и заедно.

За изданието во 2026 година, четворица уметници со различни културни и уметнички позадини развиваат инспиративни и партиципативни онлајн сесии за практика или техника што ја совладале, или за искуство што влијаело врз нивниот понатамошен пат.

Сите сесии се бесплатни, се одржуваат на англиски јазик преку Zoom и се отворени за уметници и културни практичари од целиот свет. Опфатени се современи теми како дигитално присуство и уметнички пракси на тик ток.

Регистрацијата е отворена до пполнување на квотите.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Доколку сте активни во областа на зачувување на културното наследство аплицирајте за студиска посета на Лисабон

Возбудлива можност за професионалци од областа на културното наследство низ Европа!

Европскиот Heritage Hub поканува културни работници на посета за учење од колеги во Лисабон, од 4–6 ноември 2026 година.

Со истражување на начини за заштита на наследството преку специфична методологија заснована на усна историја програмата истражува како културното наследство, усната историја и дигиталната иновација можат да ја зајакнат социјалната кохезија, меѓугенерациската размена и чувството на припадност.

Трошоците за патување и сместување се покриени од организаторот.


Рокот за аплицирање е 7 септември 2026 година.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворена е регистрацијата за наградата за најдобар дизајн на домашен декор

„A’ Homeware Design Award 2026“

„A’ Homeware Design Award“ е меѓународна платформа која ги препознава најдобрите проекти во категоријата домашни декоративни и функционални предмети. Повикот е отворен за широк спектар на производи – од вазни, огледала, рамки за фотографии и свеќници, до кујнски прибор, бањарски додатоци, решенија за складирање, текстил за домот, градинарски декор и еко-иновативни производи. Се охрабруваат пријави од индивидуални дизајнери, индустриски студија, брендови, производители, занаетчии и консултанти кои сакаат да ја истакнат својата креативност и иновативност на глобално ниво.

Програмата нуди можност за добивање прелиминарна оценка на поднесените дела, што им овозможува на учесниците да ја проценат конкурентноста на своите проекти пред официјалната селекција.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворен повик за краток видео материјал кој ја претставува занаетчиската работа „Tracks4Crafts Video Contest 2026''

Занаетчиството е уметност на движење и гест, каде секој материјал и секој алат носи своја приказна. Повикот ги охрабрува учесниците да создадат оригинално и автентично видео кое ја прикажува страста и креативноста во нивната работа, било да е тоа дрворезба, ткаење, керамика, метал, стакло или друг традиционален или современ занает. Видеото треба да биде визуелно привлечено и да содржи кратко претставување на авторот, техниките и средината во која работи.

Победникот ќе добие консултативна сесија за развој на бизнис модел, покана за меѓународни настани (вклучувајќи го Skillman International Forum и финалната Tracks4Crafts изложба), како и покривање на патни и трошоци за сместување до 1000 евра.

Рокот за аплицирање е 30 август 2026

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Стипендии „Stiftung Künstlerdorf Schöppingen 2027“ | Германија

Stiftung Künstlerdorf Schöppingen ги поканува уметниците, авторите и композиторите од целиот свет да аплицираат за програмата на стипендии 2027 во Schöppingen кој нуди интердисциплинарна средина која што ги поддржува креативноста, соработката и уметничката размена. Резиденцијата охрабрува истражување, експериментирање и дијалози без притисок за создавање конечни резултати.

Избраните стипендисти добиваат:

  • €1,500 месечна стипендија
  • Пристап до изложбени простори, работилници, галерија, библиотека, театар, настански простори и заеднички објекти

Дисциплини: Ликовна уметност, литература и композиција

Траење на резиденцијата: 2–6 месеци (2027)

Рок за апликација: 31 август 2026

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворен повик

„PRELIFE Artist Collaboration Programme“

Програмата е отворена за искусни уметници кои се заинтересирани за долгорочна соработка со научници и кои ја гледаат уметноста како спекулативна и критичка практика.

Се охрабруваат апликации што ги надминуваат традиционални „уметност-наука“ формати и се насочуваат кон нови форми на знаење.

Избраните уметници ќе работат во рамките на истражувачките групи на Caradt: Cultural and Creative Industries, Situated Art, Design and Technology, и Regenerative Art and Design, секоја со специфичен фокус – од либидинална економија и критика на технолошкиот развој, до прашања за мерење на невидливото и истражување на пребиотички системи.

Три уметника ќе станат резиденти на PRELIFE проектот. Рокот за аплицирање е 20 септември 2026 година.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Нови можности за соработка во текстилната и модната индустрија преку

Enterprise Europe Network (EEN)

Enterprise Europe Network (EEN) – најголемата европска мрежа за поддршка на малите и средните претпријатија им овозможува на компаниите полесно да воспостават контакти со потенцијални деловни партнери од повеќе од 60 земји. Преку мрежата, компаниите можат да пронајдат нови добавувачи, дистрибутери, производствени партнери и технолошки соработници, како и да добијат пристап до иновативни решенија и нови пазари.

Како дел од своите активности, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, член на EEN мрежата, Ви претставува профили на различни европски компании кои можат да бидат интересни за македонските компании од текстилната и модната индустрија, со фокус на одржливо производство, современи технологии и современ дизајн.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворен е првиот повик „FutureProofTextiles“ за компании активни во текстилната индустрија


Европскиот проект "FutureProofTextiles" го отвори својот прв повик за поддршка на мали и средни претпријатија во текстилниот сектор.

Целта е да се поттикне иновативноста, одржливоста и конкурентноста преку два главни правци: зелени иницијативи и дигитални иновации.

Секоја избрана компанија ќе добие грант од 50.000 евра, со дополнителен сопствен придонес од 10.000 евра, и ќе учествува во 9-месечна програма која вклучува менторство, обуки и прекугранично вмрежување. Повикот е отворен за МСПја регистрирани во земјите на Програмата за единствен пазар, меѓу кои и Македонија, а апликациите треба да бидат поднесени на англиски јазик и да покажат ниво на технолошка подготвеност (TRL) од најмалку 5.

Рокот за аплицирање е 18 септември 2026 год.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

„Creative Skills Week 2026 “ цели да изгради алијанса помеѓу креативната пракса и европските јавни политики

Од 7 до 9 септември 2026 година во Брисел ќе се одржи „Неделата на креативни вештини 2026“ . Во време кога демократијата, технолошкиот суверенитет и општествената кохезија се под притисок CSW2026 ги обединува европските културни и креативни индустрии (CCSI), креаторите на политики, едукаторите и индустриските лидери во Брисел, за да постави прашањето: како можеме да ја искористиме и насочиме трансформативната моќ на креативните вештини за пошироки општествени предизвици?

Во центарот на CSW2026 е концептот на креативна самодоверба – со вградување на креативните вештини во стратегиите за професионален развој, можеме да обезбедиме организациите да имаат самодоверба да се справуваат со предизвици, да експериментираат и да напредуваат во ера на брзи промени.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

„Homo Faber 2026: An Island of Light“ повеќе од 700 рачно изработени предмети од над 500 мајстори занаетчии од 70 земји

„Homo Faber 2026: An Island of Light“ ќе се одржи од 1 до 30 септември 2026 година во Венеција, во Fondazione Giorgio Cini, и ќе понуди уникатно патување низ 15 импресивни инсталации што ја истражуваат врската меѓу светлината, материјалите и човечката рака.

Во рамките на биеналето ќе се одржат и демонстрации, работилници, гастрономски искуства и специјални тури што ќе овозможат директен контакт со занаетчиите и нивните алатки. Es Devlin ја користи светлината преку вода, огледала и движење за да создаде наратив инспириран од архипелагот на Венецијанската лагуна, каде секој занаетчија е „остров на талент и умешност“. Настанот претставува можност да се доживее занаетчиството како уметност и инспирација

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје спроведува анкета за мапирање на креативните индустрии

Институт за социолошки и политичко-правни истражувања во соработка со Министерството за култура и туризам спроведува национално истражување за мапирање на креативните индустрии кое има за цел да обезбеди сеопфатни податоци како основа за понатамошно креирање на јавните политики во оваа област.

Анкетата трае 8-10 минути и е наменета за сите што работат во уметност, дизајн, музика, филм, фотографија, медиуми, маркетинг, архитектура, мода, култура, занаетчиство и други креативни дејности.

Сподели го своето искуство и помогни подобро да се мапираат состојбите, предизвиците и можностите во креативниот сектор.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

„NAME, PLACE, FUND“ Повик за позиционирање на културата во иднината на Европа

„NAME, PLACE, FUND“ е иницијатива на конзорциумот EMCCINNO која повикува европските институции да ја препознаат културата и креативноста како суштински дел од идните истражувачки и иновациски програми. Повикот реагира на загриженоста дека во новите предлози за Horizon Europe и Европскиот фонд за конкурентност културата е сведена на „хоризонтален принцип“ во други тематски прозорци а не како посебен кластер.

Иницијативата бара културата и креативноста да бидат експлицитно наведени како програмски дел со сопствени структурни компоненти, буџетски алокации, повици и програми насочени кон културни и уметнички истражувања и унапредување на културните и креативните индустрии.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворен Повик за учество на Триенале на уметноста VIA CARPATIA 2026/27

Триенале VIA CARPATIA 2026/27 е наменето за визуелните уметници до 45 години од 12 земји од регионот Via Carpatia, меѓу кои и Македонија.

Мото на овогодинешното издание е цитат од книгата Czuły narrator (Нежен наратор) на Olga Tokarczuk: „Нежноста е оној начин на гледање што го прикажува светот како жив, животен, поврзан, соработувачки и меѓузависен.“

Вкупниот награден фонд изнесува 60.000 полски злоти (околу 14.000 евра).

Триеналето VIA CARPATIA има меѓународен карактер и е отворено кон сите техники и медиуми на современата уметност. Пријавените дела ќе бидат оценувани од меѓународно жири. Делата на наградените автори ќе бидат претставени на постконкурсна изложба во неколку изложбени простори, вклучувајќи ја IMO Galerija и Галерија на уметноста Wozownia.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворен Повик за учество на Трансилванија фестивалот за накит 2026

Transylvania Jewelry Festival, објавува отворен повик за учество во втората едиција на својата меѓународна изложба за современ накит.

Фестивалот ќе се одржи од 7–17 октомври 2026 во Клуж-Напока, Романија, и ќе ги обедини новите и веќе афирмирани уметници од целиот свет. Главната изложба ќе биде поставена во Националниот музеј на уметноста во Клуж-Напока, а паралелно ќе се одржат и серија сателитски изложби низ градот.

Темата за оваа година, „In Everytime & In Everywhere“, развиена во соработка со Филип Сајет, ги поканува учесниците да размислуваат за накитот како универзален и безвременски јазик што ги поврзува луѓето низ култури и простори.

Рокот за пријавување е 20 јули 2026.

Погледнете ги информациите за начинот и условите за учество.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Enterprise Europe Network го објави електронскиот информативен билтен за Јуни 2026

Во најновиот информативен билтен на Enterprise Europe Network можете да најдете:

  • Финансиски можности – нови повици од Creative Europe, Horizon Europe и меѓународни програми за поддршка на бизниси во културните и креативните индустрии.
  • Меѓународни партнерства – брокерски настани, B2B поврзување и можности за соработка низ Европа и пошироко.
  • Нови пазари – профили за деловна соработка и реални можности за поврзување .
  • Иновации и ажурирања на политики – најнови развои во областа на вештачка интелигенција, култура, наследство, одржливост и европскиот креативен екосистем.
  • Успешни приказни – како Enterprise Europe Network им помага на креативните бизниси да се интернационализираат и иновираат .
{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

DM Маркети Македонија со повик за општествено одговорни иницијативи


Платформата „Иднина која инспирира“ е за сите кои имаат желба да креираат подобра и поинспиративна иднина за сите нас.

Преку неа, организациите, здруженијата или институциите можат да ги пријават своите проекти до 31 јули 2026 година.

Стручна комисија од септември 2026 година ќе ги избере проектите на организациите кои ќе бидат поддржани од dm.

Инспиративните приказни на претходните добитници можете да ги погледнете на интернет страницата каде можете да ги поплните и аоликациските формулари.


Вклучете се и вие– пријавете го вашиот проект!

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

EIT Culture & Creativity го распиша повикот за NEB Academy | Fashion Shift

NEB Academy | Fashion Shift е повик за конзорциуми кои сакаат да развијат и скалираат кружни, одржливи и одговорни модни бизнис модели, засновани на вредностите на Новиот европски Баухаус.

Програмата има за цел да ја трансформира модната индустрија преку поддршка на постојни бизниси, пилот иницијативи и концепти подготвени за пазарна имплементација. Конзорциумите мора да вклучуваат 4–6 субјекти од најмалку две земји, меѓу кои задолжително: моден бренд (МСП со најмалку 3 години работа), истражувачка институција, јавен орган или индустриски кластер, и партнер од модната индустрија.

Повикот е отворен до 31 август 2026, со вкупен фонд од 2,5 милиони евра и до 500.000 евра по проект

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Повикот за третото издание на „Earthrise“ резиденцијата за дизајнери е отворен

„Earthrise – Design for a Living Planet Residency 2026“ е трета едиција на престижната програма на Circolo del Design, која оваа година се фокусира на глина и нејзините деривати како културен, еколошки и дизајнерски ресурс. Резиденцијата ја гледа глината не само како функционален материјал, туку како наративна и критичка материја што отвора нови простори за истражување и трансформација.

Што е вклучено:

  • Патување и сместување
  • Посебен работен простор во Торино
  • Буџет за продукција до 3.000 €
  • Надомест за дизајнерот од 1.500 €
  • Изложба на меѓународно ниво

Менторството го обезбедуваат партнерите Designregio Kortrijk и BASE Milano.

Аплицирајте до 3 јули 2026.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

„Constellations of Change“ преку уметност и социјална ангажираност гради мостови меѓу заедниците и поттикнува трансформација.

Во рамките на „Constellations of Change“ се промовираат практики на социјално ангажирана уметност кои ја користат креативноста како алатка за општествена промена. Преку колаборативни процеси, уметниците и заедниците заеднички развиваат идеи што инспирираат нови перспективи и решенија за актуелни прашања. Овој пристап ја нагласува важноста на културната размена и заедничкото учење, создавајќи простор каде што уметноста станува средство за градење доверба и солидарност.

Доколку сакате да дознаете повеќе за оваа иницијатива можете да се регистрирате да ја слушнете презентацијата на извештајот која ќе се одржи виртуелно на на 9 јули 2026 од 15:00 – 17:00 CET.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Tincal lab Challenge 2026 Jewelry and Identity

Tincal lab - галерија за современ накит од Португалија го објави меѓународниот конкурс Challenge 2026: Jewelry and Identity, кој повикува дизајнери на современ накит од целиот свет да создадат до три уникатни парчиња инспирирани од темата „Накит и идентитет“, со максимална цена од 150 евра, за изложба што ќе се отвори на 14 ноември 2026 во Порто.

Рокови:

Пријавување: до 30 јуни 2026

Избор на учесници: до 20 јули 2026

Формализација на регистрација: до 31 јули 2026

Испорака на парчињата: до 30 септември 2026

Изложба: од 14 ноември до 31 декември 2026 во Тинкал Лаб, Порто, со можност за патувачка изложба во 2027.

Продажба: во галеријата и онлајн до 30 јуни 2027.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Luis Acosta "Captivating, Jewels"


Luis Acosta, меѓународно признат дизајнер на современ накит, на својот фејсбук профил објави повик „Captivating, Jewels" на кој дизајнери на накит од целиот свет може да достават до 8 парчиња накит произведени од било каков материјал, во било која техника.

Селектираните учесници ќе имаат можност од Ноември 206 нивните експонати да бидат изложени во Холандија, Шпанија, Словенија, Португалија, Франција, Италија и Швајцарија.


Рокот за аплицирање е: 31 јули 2026


Оваа иницијатива следи по над 10 успешно спроведени патувачки изложби на современ накит со изложени дела на дизајнери од целиот свет.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Отворени се повиците под програмата Хоризонт Европа

Кластер 2: Култура, креативност и инклузивно општество

Европската комисија ги отвори повиците под програмата Хоризонт Европа Кластер 2: Култура, креативност и инклузивно општество со рокови за аплицирање до 23 септември 2026 година, насочени кон истражувачки и иновативни проекти кои ја зајакнуваат демократијата, културното наследство и општествените трансформации.

За повеќе информации можете да ја ислушате инфо сесијата која се одржа на 26 март.

Култур Код веќе подготвува апликации за некои од повиците. Доколку сте заинтересирани за консултанска помош или вмрежување со потенцијални партнери, контактирајте не и ние ќе ви помомгнеме со бесплатен совет.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Пријавете се да станете ментор, евалуатор или делегат на Европскиот институт за иновации и технологии

EIT Culture & Creativity објави повик за ангажирање професионалци кои ќе придонесат кон поттикнување на иновациите во европските културни и креативни сектори. Преку овој повикот ЕИТ поканува потенцијални ментори, евалуатори, делегати и иноватори да ги споделат своите вештини и знаења.

Вашето искуство во оценување на проекти, бизнис менторство, образовни програми или стратешко управување може да го зајакне квалитетот и влијанието на европските иницијативи.

Придружете се на мрежата од експерти кои го унапредуваат ова поле, истовремено развивајќи ја сопствената професионална пракса. Членови на Култур Код тимот се веќе дел од приказната.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Придонесете кон инстражувањето: Барометар за состојбата во културата - State of Culture Barometer

Culture Action Europe го подготвува второто издание на извештајот „Состојбата во културата - State of Culture“ и, како дел од ова истражување, спроведува анкета – „Барометар за состојбата во културата - State of Culture Barometer.“

Овој извештај има за цел да ја опфати актуелната состојба и трендовите во културниот сектор, како и состојбата на културните политики, нагласувајќи ги клучните празнини, предизвици и развојни трендови.

Доколку сакате да придонесете во развојот на европските културни политики и да се осигурате дека нашиот сектор ќе биде добро претставен во оваа студија, одвојте момент и пополнете ја анкетата.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

“𝗙𝗼𝗿𝗺 & 𝗩𝗶𝘀𝗶𝗼𝗻: 𝗠𝗼𝗱𝗲𝗿𝗻 𝗮𝗿𝘁, 𝗳𝘂𝗿𝗻𝗶𝘁𝘂𝗿𝗲 & 𝘀𝗰𝘂𝗹𝗽𝘁𝗲𝗱 𝗷𝗲𝘄𝗲𝗹𝗿𝘆” аукција на модерен дизајн на накит, мебел и уметнички дела

Ако ви треба свежа инспирација за вашата нова креација, погледнете што се случува на меѓународната сцена. Во рамки на аукцијата со наслов “Form & Vision: Modern art, furniture & sculpted jewelry“, на 22 април 2026 година, Brunk Auctions ќе понуди повеќе од 50 уникатни парчиња на современо дизајниран накит, мебел и уметнички дела.

Меѓу експонатите ќе се најдат креации на реномирани автори како Arnaldo Pomodoro, Maija Neimanis, Tom Herman, Darla Nordstrom, Sydney Lynch, Elsa Freund и многу други. Ова е ретка можност да се види како современите уметници ја обликуваат визијата за накитот – не само како украс, туку како скулптура и уметнички израз.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

CREATIVESUNITE селектираат неколку повици за април 2026 кои ги таргетираат креативците - ова е можеби патот до вашиот иден креативен проект

Во април 2026 се отвораат неколку повици за уметници, дизајнери и културни професионалци, кои нудат резиденции, финансирање и можности за меѓународна соработка. Ова е идеален момент да аплицирате и да ги искористите празничните денови за нови проекти.

  • Europa Nostra | Inclusive European Heritage Residency 2026
  • THREADs Project | Re-Imagine Resources: Циркуларен дизајн во текстил и мода
  • Lottozero | Textile Art Factory Curatorial Residency во Прато, Италија: Курирање и текстилно наследство
{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Од 14 до 17 мај во Солун ќе се одржи Art Thessaloniki International Contemporary

Art Fair 2026

Ако во овој период ве носи патот кон Солун, шопингот на Тсимитски, кафето на кеј и каламарите со Ретсина комбинирајте ги со уметнички настан.

Галерии: Претставување на над 70 галерии од Европа, Балканот и пошироко.

Независни уметници: Простор за нови имиња и експериментални практики.

Музејски изложби: Специјални поставки со ретки дела и колекции.

Проекти и награди: Нови иницијативи и признанија за истакнати уметници.

Почесни уметници 2026: Aspasia Papadoperaki и Vana Xenou.

Погледнете ја програмата и поминете еден поинаков викенд во Солун.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Од ВИ сали за кроење до кожа од кора од портокал: 10 решенија што тивко ја менуваат иднината на европската текстилна индустрија

Клучни поенти

  • Циркуларност во пракса: од IKEA до Lindström, принципите на циркуларна економија се веќе интегрирани кај водечките компании.
  • Дигитализација како двигател: ИТ платформите и ВИ решенијата го намалуваат отпадот и ја оптимизираат продукцијата.
  • Меѓусекторски иновации: агро-отпадот и био- материјалите отвораат нови дизајн можности.
  • Општествена одговорност: водечките брендови покажуваат дека фер услови и комерцијален успех можат да одат заедно.

Дознајте повеќе во Извештајот.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Објавени резултатите од конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата со кој ќе се поттикне развојот на Креативните индустрии во 2026 година

Проектот „Корени, кодови и иднина – културен континуитет во применетиот дизајн“, кој го води Идеа Лаб при Машински факултет – УКИМ, а во кој Култур Код е партнер, е прифатен за финансирање од Министерството за култура и туризам во рамки на конкурсот за проекти од национален интерес во културата за 2026 година.

Проектот има за цел да развие серија креативни производи инспирирани од македонското културно наследство, комбинирајќи традиционални мотиви и техники со современи технологии и принципи на одржливост.

{{brizy_dc_image_alt imageSrc=

Ignite NEB 2026 - Open call for hosts

Deadline: 7 May 2026, 17:00 CEST

Funding: Up to €52,000 per host

Eligibility: Legal entities or consortia in EU Member States or Horizon Europe associated countries

What Hosts Will Deliver

  1. Ignite NEB Event (Sept–Oct 2026)
  • 2+ day hackathon-style experience
  • Includes ideation workshops, cultural performances, and community engagement
  • Jury selects two winning teams
  1. 8-Month Incubation Program
  • Support winning teams to develop prototypes, validate solutions, and build business models
  • Mentorship and stakeholder engagement
  • Aim: create new SMEs, start-ups, or initiatives